На 1, 2 и 3 септември годинава ќе се одржи 20 јубилејно издание на Пивофестот кој што сега ќе се вика „Prilep Beer Weekend“. Го организира „Event Group“ со поддршка на Општина Прилеп и бизнис секторот. Според градоначалникот Борче Јовчески иако Фестивалот се одржува на крајот на летото тоа немало да се одрази на неговата посетеност, а ова, според Јовчески, било само продолжување на големиот број на културни настани кои се случувале ова лето во градот.
„Локалната самоуправа оддели од програмата бза култура 1 милион денари со што ја поддржува оваа манифестација. Градот е максимално подготвен да се одвива оваа манифестација од забавен карактер и едноставно како Фестивал на скарата и пивото Прилеп ќе биде повторно претставен во својот сјај. Во координација со организаторот, со кој имаме потпишано меморандум за соработка е обезбедена понудата во нивната музичка програма. Благодарение и на пиварниците кои излегоа во пресрет за една ваква манифестација. Ќе се организира заедно со сите партнери кои ги има организаторот. Фестивалот ќе привлечи огромен број на луѓе, каде и чаршијата ќе ги види бенефитите од оваа манифестација. Градот е подготвен да прими и голем број возила. Активирани се сите паркинг зони, а обезбедивме и вонредни паркинг зони се со цел посетителите брзо се снајдат и дојдат до штандовите“, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Од Општината ветуваат дека хигиената, водоснабдувањето и безбедноста ќе бидела на највисоко ниво, а за тоа ќе се погрижат јавните претпријатија од Прилеп. Од Евент груп рекоа дека до крајот на оваа недела ќе се знаела целата официјална програма кој ќе настапи, засега потврден е настанот само на Аца Лукас, Тропико бенд, Hurricane, Тијана ЕМ.
„Ќе се потрдудиме и ќе дадеме се од себе настанот да биде организиран максимално коректно и да ги надмине очекувањата иако е краток периодот за организација и продукција. Ќе дадеме се од себе да помине во најдобар ред за да оставиме простор следната година да ги започнеме подготовките на време и само што ќе гои вратиме стариот сјај Прилеп да биде препознатлив по Фестивалот на пивото и скарата туку и да ги надминеме бројките и по квалитет и по квантитет. Програмата со сите музичари официјално ќе биде објавена денес или утре“, истакна Дарко Крстески од „Event Group“
Годинава ќе се задржи стариот концепт на фестивалот, штандовите ќе бидат попставени на булеварот, а бината пред Комерцијална банка. Засега не се знае колку штандови ќе има.
„За нас е ова голем предизвик и од бизнис е лудост ова што го правиме, но сето тоа го правиме со надеж дека нашиот концепт во иднина ќе се покаже како добар. Ова ни е влог за во иднина во врска со пиво фест. Оваа година ќе се потрудиме да ги минимизираме тие проблеми што ги имало со булеварското решение. Сега не може да се смени целиот тој концепт. Годинава ќе гледаме да го зачуваме Пивофестот за да можеме понатаму со поддршка и на Општината и бизнис секторот да дадеме се од себе да го вратиме сјајот на еден настан кој во Прилеп ќе донесе многу туристи и посетители како од Македонија така и од странство“, додаде Крстески.