Попладнево околу 13 часот избувна пожар кај ТИРЗ Прилеп, а поради брзината на ветерот и сувата трева тој веднаш се прошири на огромна површина. Брзата интервенција на ТППЕ Прилеп придонесе огнот да не се прошири кон фабриките во зоната и тој е изгаснат за околу 2,5 часа.
„Интервениравме со 15 пожарникари и 6 возила. Огнот се гаснеше и во кругот на фабриката Гентерм од каде ја добивме и пријавата за пожарот. Од каде и како е започнат пожарот засега не знаеме. Поради брзината на ветерот и сувата трева огнот брзо се прошири, изгорени се околу 50-тина хектари со сува трева и стрништа. Брзата интервенцијај на нашите екипи придонесе за кратко време пожарот да биде изгаснат. Во моментов нема други активни пожари на територија на општина Прилеп“, изјави за Инфо Компас, командирот на ТППЕ Прилеп, Христијан Момироски.