Осумнаесетгодишна девојка синоќа загина во сообраќајна несреќа која се случила кај с. Долнени.
Од МВР информриаат дека несреќата се случила околу 22 часот на регионалниот пат Македонски Брод – Прилеп, на место викано „Циглана”, кога возило „Фолксваген голф”, управувано од 18-годишник, излетало од патот.
Oд здобиените повреди на самото место починала 18-годишната девојка, која била сопатничка во автомобилот. Со тешки телесни повреди се здобиле и возачот и уште сопатничка од Прилеп, и двајцата на возраст од 18 години.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Прилеп.