Повеќе физички напади и пресметки во Прилеп

Денес во ОВР Прилеп, В.Р.(59) од Скопје пријавил дека на ул.„Леце Котески“ во Прилеп бил физички нападнат од Ф.Д., кој употребил остар предмет и му нанел повреди.

На 28.08.2023 на ул„Леце Котески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Б.В.(21)  и Р.М.(37) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со учество во физичка пресметка.

Истиот ден  во ОВР Прилеп, Х.Г.А.(47) од Прилеп пријавила дека во Прилеп, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, додека пак Т.В.(48) од Прилеп пријавила дека нејзините малолетни деца биле физички нападнати од еден малолетник и неговиот татко.

Се преземаат мерки за расчистување на случаевите, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи