Шумската полиција од Прилеп попладнево заплени 3 возила и 3 шпедитери со нелегално исечени дрва кај месноста Борула, Дервен. Одземени се три возила марка „Лада“ со по 0,70 кубни метри и 3 шпедитери со по 0,70 кубни метри, а 0.70 кубни метри се пронајдени и одземени кај чешмата на преминот Дервен.
Во моментов шумската полиција се уште е на терен, а повикани како помош се и припадници од ПС Прилеп. Засега нема уапсено дрвокрадци, затоа што кога истите ја забележале полицијата ги оставиле возилата и избегале.
Две од возилата веќе се однесени во дворот на ЈП Црн Бор.
\