Прилепчанец тешко повреден откако изгубил контрола и паднал со својот мотоцикл

На 28.08.2023 околу 20.10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Јоска Јорданоски“ во Прилеп, М.С.(18) од Прилеп, управувајќи мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По несреќата, М.С. бил префрлен во Градската болница Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи