Невремето кое се случи вчера попладне (29.08.2023 г.), помеѓу 16.10 и 17.10 часот, на територијата на Општина Прилеп и околината, проследено со силен северен ветар, интензивен пороен дожд а нa некои места и град, нанесе голема штета на земјоделските површини и култури.
Како што информираше директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, најмногу врнежи од град со големина на лешник паднале во месноста „Заград“, с. Мажучиште како и во с. Мало Коњари.
„Пријавените штети на насадите со тутун и пипер дополнително ќе се утврдуваат од комисијата за процена на штети во Министерството за земјоделие – Подрачното одделение во Прилеп, заедно со комисијата за утврдување на штети во општина Прилеп“, истакна тој.