Во ОВР Прилеп во текот на вчерашниот ден биле пријавени дури 4 каснувања од кучиња скитници низ градот.
Имено, К.Г.(61) од Прилеп пријавил дека во населба „Точила“ во Прилеп бил каснат од куче скитник, а Ј.М.(61) од Прилеп пријавила дека била касната во населба „Варош“ во Прилеп.
Истиот ден К.Г.(45) од Прилеп пријавила дека на ул.„Ладо Лапецот“ во Прилеп била касната од куче скитник, додека И.К.(30) пријавила дека била касната на ул.„Мирче Најденов“ во Прилеп.
Дали ситуацијата во Прилеп со кучињата скитници е алармантна, или пак станува збор за шема за исплата на отштета одоговор треба да дадат надлежните институции.