На 04.09.2023 во ОВР Прилеп, М.Г.(18) од Прилеп пријавил дека на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп бил физички бил нападнат од С.Т. од Прилеп.
Истиот ден на плоштад „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода И.Ѓ.(22), Д.С.(19), И.Т.(18), Ѓ.Н.(20) и Д.Р.(21), сите од Прилеп, затоа што нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Од плоштад „Александрија“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп исто така го лишиле од слобода и С.Т.(28) затоа што го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и недолично однесување.
По документирање на случаевите ќе следува соодветен поднесок.