Ќе се менува Законот за лична карта – ако смените адреса мора да вадите нова лична карта

Доколку граѓанинот го промени живеалиштето или податоците од личната карта во тој случај се издава нова лична карта, а притоа е потребно граѓанинот да приложи документ со кој ја докажува промената, се предвидува во измените на членот 8 од Законот за лична карта кои се на гласање на денешната седница.

Оваа промена е неопходна, како што наведуваат во образложението, затоа што со постојната состојба голем број на граѓани го евидентираат живеалиштето од претходен стан, сè до истекот на важноста на личната карта и реално заради избегнување на одредени законски обврски, при замена на личната карта не ја пријавуваат промената на живеалиштето. Непостоењето на обврска за граѓаните да поднесуваат доказ за живеалиштето при секое поднесување на барање за издавање или замена на лична карта, создаде простор за свесно избегнување на одредени законски обврски на граѓаните.

Новина ќе биде и дека на лица кои имаат над 65 години ќе им се издава трајна лична карта. Исто така лична карта во друго име ќе може да извади и член на семејството, доколку лицето не може да го поднесе лично барање од оправдани здравствени причини и при тоа во прилог на барањето треба да достави документ со кој се докажуваат оправданите здравствени причини заради кои барателот не може да дојде лично.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи