Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска соопшти дека Владата набргу ќе го објави деветиот пакет антикризни мерки за кои засега има 4,55 милијарди денари.
Пакетот, како што рече, ќе биде во насока на полесно справување со предизвиците од ценовната и енергетската криза за граѓаните и компаниите.
„Ова значи дека продолжува субвенционирањето на електричната енергија за домаќинствата и парното греење во делот на ЕСМ. Има доволно средства, работиме на деветиот пакет антикризни мерки. Дополнително ќе се оди со таргетирање до крајот на годината, за поддршка на најранливите категории“, истакна Бесими на прес-конференција во Владата откако информира дека е донесена Одлука за прераспределба на Буџетот.