„Македонци, ќе ве убиеме“, „Голема Албанија“ и други антимакедонски пораки, пораки против Србија и пораки со навредлива содржина се испишани на мостот „Око“ во центарот на Скопје.
Од МВР велат дека веќе го документирале случајот и работат на негово расчистување.
„Во врска со графитите на мостот „Око“, добиена е пријава во СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, кратко соопштија од Министерството за внатрешни работи за оваа провокација и за повтореното бескрупулозно уништување на пешачкиот мост кој ги користат граѓаните и туристите кои го посетуваат Скопје.