Отворање на прва трајна поставка на дела од прилепски автори во библиотека „Борка Талески“

По повод Денот на независноста, утревечер во 19:00 часот во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп ќе биде отворена првата трајна поставка на дела од прилепски автори. Ова е прва ваква поставка во Прилеп и е во сопственост на библиотеката.

Ќе бидат изложени 26 дела од 23 автори, односно скулпури во мермер, дрво, комбинирана техника, потоа уметнички слики работени во разни техники, како и еден мурал.

„Горди сме на оваа поставка, среќни сме што во нашата установа во иднина сите граѓани почитувачи на уметноста, но и сите странски и домашни туристи ќе можат секој работен ден да го посетат ова вредно и репрезентативно културно наследство на градот. Сите ученици ќе може секогаш да ги погледнат делата на нашите врвни авангардни уметници, скулптори, како и делата на репрезентите на новата, млада генерација ликовни творци и вајари“, велат од библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп.

Настанот ќе биде збогатен со музички перформанс на прилепското дуо Волчело, односно Андријана Дукоска на виолончело и Илија Волчески на саксофон.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи