Синдикалната минимална кошница за август 49 345 денари


Вредноста на Синдикалната кошничка за август 2023 година изнесува 49.345 денари, соопшти Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Како што наведува ССМ, иако се намалува инфлацијата од месец за месец и за јули изнесува 8,3 отсто, сепак минималната кошница е зголемена од предходниот месец јули за 725 денари.

„Тоа зголемување го трпат работниците и граѓаните во оваа држава најголемо зголемување има кај исхраната и пијалоците за 1,9 отсто“, оценува Сојузот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи