ВИДЕО – Кривогаштани – една од ретките рурални општини која посветува големо внимание на родовата еднаквост


Општина Кривогаштани е една од ретките рурални општини во Македонија која посветува големо внимание на родовата еднаквост при воспоставувањето на своите политики. Секоја донесена програма се гледа да има родова сензитивност, а бројот на мажи и жени во Советот на општината, вработените во администрацијата и поставени на раководни позиции е скроро еднаков. За да се  разбијат стереотипите кои се појавуваат на релација мажи-жени Општината одржува и разни обуки за своите вработени, граѓаните, па дури и во училиштата за да се развие свесноста за родовата еднаквост.

„Сите програми кои што се планираат и се носат од Општината максимално се гледа да бидат родово еднакви. Да имаат голем придонес како и за жените така и за мажите. Сите програми од разни области како што се културата, спортот, образованието, градежните работи и инфраструктура, во сите програми се дава значење на таа родова еднаквост“, истакна Дејан Киселоски, координатор за еднакви можности во Општина Кривогаштани.

ЛАГ АГРО ЛИДЕР во рамки на проектот „Низ женски леќи“ финансиран од ЕУ во соработка со Општина Кривогаштани работеа во делот на родово одговорно буџетирање во локалните политики и програми. Она што е забележано е дека Општината иако располага со ограничени и човечки и финансиски ресурси во фокусот на нејзините политики е токму интегрирањето на родовата перспектива. Формирана е Комисија за еднкави можности од Советот и назчачено координатор за еднакви можности. Има донесено годишен план за 2023 година и буџет за спроведување на програмите за еднкави можности на мажите и жените.

„Можам да ја пофалам Општина Кривогаштани дека во текот на минатата година реализира многу активности поддржаа многу проекти кои беа насочени да ја подобрат родовата едкавост во Општината. Се воведе социјалната услуга помош и него во домот, воедно се обезбеди сензорна соба, инклузивно игралиште во градинките, се направи анализа како самите програми да се поробруваат со родово разделени податоци и веќе се се зголеми и буџетот кој Општината го одвојува за иницијативи за промовирање на еднкави можности помеѓу мажите и жените“, вели Марина Тошеска, ЛАГ АГРО ЛИДЕР.

И во иднина се планира подобрување на оваа состојба со што ќе се обезбедат повеќе средства за имплементирање на овие програми кои ќе одговораат на реалните потреби на жените и мажите во Кривогаштани и ќе помогнат да се намали јазот на родовата нееднаквост.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи