Задолжувањето на домашниот и на меѓународниот пазар на државата е регулирано согласно Стратегијата за јавен долг, која се одобрува во Собранието кога се одобрува и Буџетот, така да еврообврзница ние издадовме на почетокот на годината, на крајот на првиот квартал, која се искористи за раздолжување на еврообврзница која беше земена во 2016 година заради плаќање на сите оние стиропори кои се распаѓаат во Вардар и статуите кои ги плаќаа по 2-3 милиони евра на мостовите на Вардар, рече денеска во Прилеп, премиерот Ковачевсски.
„Така да тоа веќе го раздолживме, нова еврообврзница нема да се издава до крајот на годината, а задолжувањето ќе биде согласно Стратегијата за јавен долг на домашниот и на меѓународниот пазар, било да е тоа преку државни обврзници, или преку проектно финансирање.
Јас идната недела ќе бидам во САД, таму ќе имам состанок со Светска Банка на високо ниво, бидејќи веќе разговараме за проекти кои ќе бидат значајни за унапредување на голем број на области во државата, ќе бидат финансирани од Светска Банка.
Веќе ги финализираме преговорите и од таму мислам дека ќе имаме добри вести откако ќе заврши состанокот во однос на процедурите кои ќе отпочнат и мислам дека брзо ќе завршат во Светска Банка и на Северна Македонија ќе и бидат достапни средства. Не би сакал сега да го кажам износот, не ќе биде навистина еден значаен износ на финансиски средства со кои ќе можат да се работат голем број на проекти и на државно и на локално ниво“, кажа Ковачесвки.