ВИДЕО – Бачовски: Се надевам дека земјоделците ќе добијат по дополнителни 3 денари за кг. пченица уште во октомври


Како што спомена министерот согласно сите анализи, процедура и барање нормално од производителите и од самото констатирање на ниската откупна цена на пченицата, Министерството, министерот поднесе предлог иницијатива до Владата да се изврши измена на интервентниот фонд, рече Никица Бачовски – директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Каде покрај другите мерки кои претходно датираа од јануари наваму, се додаде мерката за дополнителна поддршка од 3 денари за продадена пченица, која во самата иницијатива на интервентниот фонд е препишано дека државниот инспекторат за земјоделство има за задача да ги посети сите откупувачи, сите преработувачи, да ги собере податоците за вашата предадена пченица, колкава е килажата, во кој период е истата откупена и истите да ги достави до 30 септември до Платежната агенција, по што ќе пристапиме кон обработка на тие податоци. Јас верувам дека зависно од видот и содржината на самите податоци, дека со една брза исплата која би се случила уште во октомври месец ќе можеме да ги сервисираме вашите барања“, кажа Бачовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи