ВИДЕО – Маричиќ: Како членка на ЕУ ќе може да добиеме милијарди евра за земјоделство и пазар од 500 мил. потрошувачи


Земјоделците во Северна Македонија сега имаа имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство, благодарение на нивното членство во ЕУ. А настапуваме на исти пазари, тие со нивните, ние со нашите производи, истакна веечрва во Прилеп на трибината „Ние сме Европа“, заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.

„Тоа се милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство. Милијарди евра кои ќе ни бидат ставени и нам на располагање со влезот во ЕУ.

Во претпристапниот период – Полска, Хрватска, Словенија и другите земји членки како Бугарија и Романија, искористија стотици милиони евра за развој на земјоделството и руралните региони. Тоа е политиката на Брисел за подготовка на државата за членство во Унијата: Да инвестира во секторите кои се во врвот на приоритетите на ЕУ, а земјоделството и здравата и безбедна храна се дел од тие приритети.

Само со новите мерки од ИПАРД 3 програмата предвидени се вкупно 217 милиони евра за директна поддршка на нашите земјоделски производители. Со пристапот на Македонија во Европската Унија, оваа поддршка само ќе расте. Според досегашните искуства, европските средства со членството во ЕУ се зголемуваат за најмалку 10 пати.

Овие пари се голем импулс за македонското земјоделство и поддршка за земјоделците да го унапредат своето производство, воведувајќи иновации и модерни технологии. 

Северна Македонија е лидер во регионот со најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2, а ИПАРД 3 ќе ја започнувеме први во регионот со буџет поголем за 62 отсто. 

Оваа трибина и она на што ќе се посветиме во наредниот има за цел да ги охрабри и младите земјоделци и бизнисмени во прехранбената индустрија. Да си останат тука, дома да си работат, да ги охрабриме да го модернизираат семејниот земјоделски капацитет или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а ЕУ издвојува во милијарди.

Дополнително, со членството во ЕУ се отвора пазар од преку 500 милиони потенцијални потрошувачи, на кој македонските земјоделци ќе може да ги понудат и пласираат своите производи кои во меѓувреме ја имаат целата поддршка да бидат конкуретни според стандардите на Европската Унија. Нашата земја ги има тие потенцијали и за нашата аграрна стратегија и реформа од огромно значење е брзиот пристап до фондовите на ЕУ“, истакна Маричиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи