ВИДЕО – Николовски: Тие кои се против уставните измени се против инвестиции од 250 мил. евра во земјоделството


Ние со гордост денес велиме дека нема село кај нас во кое ја нема таблата на ИПАРД. Токму затоа сега, пред овој настан бевме тука околу Прилеп да видиме инвестиции заедно со вицепремиерот, заедно со директорот Бачовски, кои се реализирани околу Прилеп, а се дел од ИПАРД 2 програмата. 2400 договори се веќе реализирани, исплатени токму преку ИПАРД 2 во овие 5 години, истакна вечерва во Прилеп, на трибината „Ние сме Европа“, министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Токму затоа европската комисија минатата година донесе одлука за Северна Македонија за 62% да го зголеми буџетот за ИПАРД 3 програмата и наместо 60, сега имаме на располагање 97 милиони евра неповратни средства.

Ако на тие ги додадеме и 25% кои ги вложува државата и ако ги додадеме финансиските средства на апликантите доаѓаме до 250 милиони евра неповратни средства кои што ќе се инвестираат во македонското земјоделство и во модернизација на македонското земјоделство во следните неколку години.

Е тие кои се против уставните измени и тие кои сакаат да печалат дневно политички поени и тие кои не сакаат да погледнат подалеку, тие кои не се грижат за младите луѓе, за идните генерации и тие кои не ѝ мислат добро на државата се против овие 250 милиони евра во македонското земјоделство, се против сигурна, безбедна и извесна иднина која може да ја креираме и мора да ја направиме за сите граѓани и за идните генерации. Но тоа притоа не нудат што е алтернативата, ако не е ЕУ, ако не е ИПАРД, која е алтернативата, кој ќе помогне, кој ќе застане позади нас, кој ќе инвестира и кој ќе даде ваква поддршка каква што дава ЕУ? Токму затоа сме прва земја од регионот која што ги распиша првите повици за ИПАРД 3.

Во овој момент, додека сме во Прилеп, овде, оваа вечер, овој ден, македонските земјоделци имаат на располагање 40 милиони евра неповратни средства, 40 милиони евра неповратни средства мислам дека во еден момент немала ни Хрватска, немала ни Словенија, немале ни многу други земјо членки кои беа позади нас пред 15, пред 20 години, кои нѐ претркаа, ја претркаа нашата изолацијам го претркаа нашето тапкање во место, нашата неодлучност, нашата неспремност да носиме одлуки и токму затоа сега се членки на ЕУ и токму затоа денеска, како што спомена и вицепремиерот, имаат на располагање не 40, туку 6 милијарди евра само за земјоделството.

Меѓутоа денеска имаме на располагање во овој момент 40 милиони евра, неповратни европски средства за земјоделска механизација, за оранжерии, за фарми, за приклучна механизација, за развој на руралниот туризам, за опрема на преработувачките капацитети итн. Докажавме дека чесно, транспарентно и одговорно ги користиме европските средства и токму затоа сме единствена земја од регионот која во оваа 2023 година ги распишува првите повици за користење на овие средства. Ниту Турција, ниту Србија, ниту Црна Гора, а најмалку Албанија на кои им ги забранија средствата, можат во оваа 2023 година да ја почнат оваа програма. Ние успеавме, работевме деноноќно, работевме многу, многу луѓе се вложија за да денес распишеме повик од 40 милиони евра кои се на располагање на македонските земјоделци“, кажа Николовски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи