ВИДЕО – Стојаноска: Граѓаните се свесни дека оваа власт е способна само за масовен грабеж и брзо богатење врз грбот од народот

Денес во Прилеп доаѓа караванот „Ние сме Европа“ организиран од СДСМ и ДУИ, чии владини функционери од досега најкриминалната и најнекадарната централна власт во Македонија, по којзнае кој пат ќе ги лажат и манипулираат прилепчани. Меѓутоа тоа повеќе не поминува, истакна на денешната прес конференција Стефани Стојаноска, член на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп и советник во Советот на Општина Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

Почитувани,
Денес во Прилеп доаѓа караванот „Ние сме Европа“ организиран од СДСМ и ДУИ, чии владини функционери од досега најкриминалната и најнекадарната централна власт во Македонија, по којзнае кој пат ќе ги лажат и манипулираат прилепчани. Меѓутоа тоа повеќе не поминува! Нашите сограѓани се свесни дека оваа централна власт е способна само за масовен грабеж и брзо богатење врз грбот и маката од народот, и дека со една ваква централна власт, Европската унија е недостижна цел! На трибината покрај останатите говорници, ќе се обрателе Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, ликови кои имаа неколку неуспешни трансфери од една на друга позиција, притоа испорачувајќи катастрофални резултати со нивното (не)работење. Со кое лице Љупчо Николовски ќе говори во Прилеп за земјоделието? Дали пред прилепчани ќе одговори зошто од година во година се намалува количината на тутун во овој регион? Дали ќе зборува можеби за поместувањето на исплатата на субвенциите, за склучените договори со лански цени, во време кога без речиси никакви мерки од власта, тутунарите, земјоделците, се соочуваат со неконтролирана инфлација и енормно покачување на цената на сите репроматеријали? Или пак како прв човек во борба против корупцијата, ќе каже некој збор за неговата најуспешна акција за запленување на путер со поминат рок? Штета е што на еден ваков настан, не го поканиле како говорник и прилепскиот пратеник Миле Талевски, да се обрати пред прилепчани како што знаел директно од говорница жолчно да ги брани политиките на ДУИ и СДСМ, да позборува за неспособноста на власта за обезбедување на учебници за сите ученици, за неодамнешниот скандал од невидени размери поврзан со онкологија за кој е згрозена целата македонска јавност, да проговори за експресно донесените измени во Кривичниот Законик за спас на функционерите од ДУИ и СДСМ и амнестирање од сите злоупотреби направени околу тендерите и јавните набавки? Почитувани, власта предводена од СДСМ и ДУИ е се’ освен европска. Со криминал и неработење, со задоволување на тесно партиски интреси, не се влегува во ЕУ! Ваква неспособност, вакво безредие и хаос во сите области, било да е образование, здравство, не е запаметено од осамостојувањето на Македонија. Токму затоа час поскоро се потребни избори! Избори кои со сигурност ќе донесат промена на централната власт, промена со која оваа влада ќе замине во историјата, и сите оние кои се огрешиле пред законот ќе треба да се соочат со лицето на правдата!

Posted by ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп on Friday, September 15, 2023

„Нашите сограѓани се свесни дека оваа централна власт е способна само за масовен грабеж и брзо богатење врз грбот и маката од народот и дека со една ваква централна власт Европската унија е недостижна цел!

На трибината покрај останатите говорници ќе се обрателе Бојан Маричиќ и Љупчо Николовски, ликови кои имаа неколку неуспешни трансфери од една на друга позиција, притоа испорачувајќи катастрофални резултати со нивното (не)работење.

Со кое лице Љупчо Николовски ќе говори во Прилеп за земјоделието? Дали пред прилепчани ќе одговори зошто од година во година се намалува количината на тутун во овој регион? Дали ќе зборува можеби за поместувањето на исплатата на субвенциите, за склучените договори со лански цени, во време кога без речиси никакви мерки од власта, тутунарите, земјоделците, се соочуваат со неконтролирана инфлација и енормно покачување на цената на сите репроматеријали? Или пак како прв човек во борба против корупцијата, ќе каже некој збор за неговата најуспешна акција за запленување на путер со поминат рок?

Штета е што на еден ваков настан, не го поканиле како говорник и прилепскиот пратеник Миле Талевски, да се обрати пред прилепчани како што знаел директно од говорница жолчно да ги брани политиките на ДУИ и СДСМ, да позборува за неспособноста на власта за обезбедување на учебници за сите ученици, за неодамнешниот скандал од невидени размери поврзан со онкологија за кој е згрозена целата македонска јавност, да проговори за експресно донесените измени во Кривичниот Законик за спас на функционерите од ДУИ и СДСМ и амнестирање од сите злоупотреби направени околу тендерите и јавните набавки?

Почитувани, власта предводена од СДСМ и ДУИ е се’ освен европска. Со криминал и неработење, со задоволување на тесно партиски интреси, не се влегува во ЕУ! Ваква неспособност, вакво безредие и хаос во сите области, било да е образование, здравство, не е запаметено од осамостојувањето на Македонија. Токму затоа час поскоро се потребни избори! Избори кои со сигурност ќе донесат промена на централната власт, промена со која оваа влада ќе замине во историјата, и сите оние кои се огрешиле пред законот ќе треба да се соочат со лицето на правдата“, рече Стојаноска.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи