Општина Прилеп: Изгаснати 12 пожари во поранешната фабрика 11ти Октомври – се бара причината за непријатната миризба

На ден 11.09.2023 до Општина Прилеп се доставени 2 барања едно од жители на Чачорица и едно од УЗ Сточен Пазар  по што се направени увиди од страна на раководител на сектор инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. ,,Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти при што е забелажана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври, се вели во соопштението на Општина Прилеп, на тема непријатната миризба која што се шири во дел од градот последните 20-тина дена.

Соопштението го пренесуваме во целост.

„Во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври ТППЕ Прилеп по пријави за запален пожар во периодот од  26.08.-14.09.2023  интервенирала  12 пати со 15 пп возила и 35 пожарникари.

Во текот на вчерашниот ден по забележана појава на чад извршено е гаснење на опожарената површина со вода и прашкаст материјал по што чадењето e престанато и немаше повеќе напријатна миризба.

Во утринските часови денес е направен повторен надзор на потегот на ул.,,Александар Македонски“ и во кругот на поранешната фабрика 11ти Октомври при што не е забележана непријатна миризба и утврдено е дека повеќе нема појава на чад и непријатна миризба на местото каде што претходниот ден интервенираше ПП единица.

Во соработка со самостоен инспектор на НККР Прилеп ЕК и крим техника земени си примероци од местото на опожарената површина и истите ќе бидат дадени на анализа. Откако ќе се добијат резултатите од овие испитувања ќе се утврди какви материи гореле и што било причината за непријатната миризба.

Локалната самоуправа на Општина Прилеп, има постапено по сите пријави и со сите свои капацитети и надлежности, се со цел да се открија причината, да не се повторува во иднина и да се заштити населението.“; стои во соопштението на Општина Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи