На 14.09.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода В.И.(36) и Д.Н.(36), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицата биле приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Исти така во СВР Битола, З. М.(58) од Прилеп пријавил дека на работното место како паркинг редар на ул.„Мице Козар“ во Прилеп бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.