Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99 % во однос на одлуката од 15.9.2023 година.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-98“ не се менува.
Малопродажните цени на „еуродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.
Од 19.9.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „еуросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар)
моторен бензин „еуросупер БС-98 “- 92,50 (денара/литар)
дизел-гориво „еуродизел БС (Д-Е V)“ – 87,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,964 денари/кг и сега ќе изнесува 48,268 денари/кг.