Концерт на Љубојна во ЦК „Марко Цепенков“

На 22 септември 2023, во петок во 20.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи Љубојна — македонската музичка група којашто изведува етно – музика.

Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура. Таа стои зад повеќе проекти, перформанси, прави музика за филмови и од 2002 година од кога е основана, групата настапува со разновидни мултимедијални претстави и концерти во светот.

Досега имаат објавено девет албуми, меѓу кои  „Песна за мојата песна“, кој е направен според истоимената поема на Петре М. Андреевски, албумот „Ljubojna in life“,  албумот „Ljubojna Brass Fantasy“,  снимен со голем лимен дувачки оркестар и претставува оживување на беломорската музика од егејскиот дел на Македонија,…

Досега Љубојна има одржано бројни концерти низ Македонија и во странство, Торонто, Њујорк, Москва, Истанбул, Венеција, Рим, Париз, Марсеј, Солун, Кан, Германија, Словенија…

Влезниците по цена од 100 денари ќе се продаваат во четврток и петок од 10 до 13 и од 17 до 20.00 ч на билетарницата од Центарот.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи