Здружението за правна едукација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т. од своето основање во септември 2018 година, веќе 5 години непрекинато работи на правно зајакнување и унапредување на пристапот до правда за граѓаните од општина Прилеп и соседните општини. Активностите на здружението во континуитет вклучуваат правна и административна помош, советување и упатување, пополнување на документација, а во одредени случаи и лична придружба за остварување на правата на граѓаните.
Тимот на здружението се состои од правници, параправници, теренски активисти и стручни лица од различни области кои што во изминатите 5 години обезбедија повеќе од 5.000 услуги за над 1.500 граѓани од Пелагонискиот регион, но и пошироко. Како грас-рут организација ги спроведуваме нашите активности не само во канцеларијата на организацијата лоцирана во градот Прилеп, туку и преку мобилни канцеларија кои патува низ три рурални области (Мариово, Кривогаштани и Долнени) како и преку онлајн /телефонска комуникација.
Главните области во кои се реализираат активностите се социјална и здравствена заштита, економско јакнење и ресоцијализација, родово-базирано насилство, заштита на животна средина, образование, работа со млади и друго. Во својата работа, здружението го користи пристапот базиран на заедницата за мобилизација на заедниците, јакнење на нивниот граѓански ангажман и застапување на општествени промени. На ваков начин во своите активности, досега има вклучено повеќе од 300 претставници од заедниците, институциите и граѓанскиот сектор на локално и национално ниво.
Од своето основање, до денес тимот на здружението има идентификувано бројни индивидуални, но и системски пречки во остварување на правата за што редовно се поднесуваат редовни барања, реакции, урегенции како и иницијативи до надлежните институции.