ВИДЕО – Една недела 5.000 жители во О. Кривогаштани се без вода поради неплатени долгови кон ЕВН


Поради неплатени долгови за електрична енергија кон ЕВН од 2008 година па до денес, во висина од околу 10 милиони денари 5 населени места во Општина Кривогаштани со околу 5.000 жители повеќе од една недела се без вода. ЕВН им ги исклучила пумпните станици во селото Славеј. Во последниве неколу месеци тоа се случило 4 пати. Директорот на ЈП „Пелагонија“ вели дека имаат блокирана сметка од 2015 година поради овој долг. На ЕВН имм понудиле да го вратат долгот на рати од по 100.000 денари месечно, но ЕВН им барал пчо 170.000.

„Во 21 век водата не треба да се забранува на луѓето, тоа е уставно право, загарантирано право. Ова е земјоделски крај, каде луѓето работат цел ден в поле на 40 степени и кога ќе дојдат дома не можат да се измијат ни раце. Не само што се исклучени пумпните станици во село Славеј, исклучена е и пречистителната станица во Кривогаштани. Исто така имаме и пречистителна станица во село Славеј. Со самото исклучување на електричната енергија отпадните води остануваат во шахтите и претекуваат на патот, тоа е извор на зараза“, вели Милорад Здравкоски, директор на ЈП „Пелагонија“.

Од ЈП „Пелагонија“велат дека нивниот месечен приход е околу 450.000 денари и скоро целиот оди за минимални плати за 11 вработени. Општината исто така има блокирана сметка, а за помош го одбиле и од држават, од каде им рекле дека оваа година не може да им помогнат финансиски. Од друга страна од ЈП „Пелагонија“ велат дека овие се застарени долгови кои не може да се наплатат.

„И бараме спогодба од 2018 до 2023. Сега побарувањава што ги имаат доверителите, ако застарат 5 години и повеќе немаат право да ги бараат. И јас ако склучам сега договор на побарување од 2008, 2010 или незнам 2015 година правам грешка, затоа што го носам претпријатието во уште потешка ситуација“, додаде Здравкоски.

 Лути на целата ситуација се и жителите кои за вода се снаоѓаат со домашни бунари и хидрофори.

Не може вака, не може на 10 дена да нема вода“, вели еден жител на Кривогаштани.

 

10 дена има, 10 дена нема, притисок нема да се наполни ни соларно. Некогаш нема вода ни да се измиеш“, кажа друг жител.

 

„Како во 40та – 50та година со црпки што се миеле народот, така сега“, револтирано истакна трет жител на општината.

 

„Тешко на луѓе, тешко на народ вака“, додаде друг граѓанин.

 

„Ситуацијата навистина е теша, секој втор ден нема вода и треба нешто да се преземе“, кажа една жителна на Кривогаштани.

Од ЕВН пак велат дека се работело за поголем долг направен во период од над една деценија, а претпријатието во последните неколку години речиси и да немало платено ниту една фактура за потрошена електрична енергија. Им понудиле да го плаќаат долгот на рати, но тие одбиле. Засега останува нејасно кој и како ќе реши оваа ситуација каде најголема штета трпат граѓаните.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи