За кружниот тек кај Тинекс Оптшина Прилеп има одделено 5 милиони денари. Распишаниот тендер се поништил бидејќи најниската понуда била повисока од оваа сума.
„Оние средства кои што ги имавме со буџет одредено, самото тендерирање ги надмина границите и затоа мораше да објавиме нов тендер, кој се надевам ќе биде во границите на средствата и можностите за да може потенцијален изведувач успешно да го добие. Колку што имам информација, најниската постигната цена била 6 милиони и 200-300 илјади, а Општината имаше буџет од 5 милиони денари“, рече Јовчески.