Според градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, градинката во населбата Точила би се отворила за еден месец до месец и пол доколку ги добијат потребните дозволи за нови вработувања.
„Мора да ги знаете етапите кои следат, а тоа е техничкиот прием кој ние треба да го добиеме од изведувачот. После нашите забелешки за недостатоци, односно за отстранување на неправилности или потези кои ги немаше во проектот и беа обврска на изведувачот да ги корегира и да ги доизведи, истече тој рок од 10-тина дена и веќе од иднава недела очекуваме технички прием. Потоа аплицираме до Министерството за труд и социјала.
Според вас за колку време Прилеп би имал нова градинка?
Ако наидеме на разбирање на Министерството, јас се надевам дека за еден месец до месец и пол треба да добиеме одобрение, бидејќи од нив ги очекуваме блок дотациите, односно согласност за работните места со кои треба да ја исполниме со кадар градинката“, рече Јовчески.