Со надчовечки напори на припадниците на ТППЕ Прилеп, вработени во јавните претпријатија од Прилеп, како и доброволци денеска се стави под контрола огромниот пожар кој направи круг од 20 км., започнувајќи од Старо Лагово, Штавица, Мало Рувци, Шелеверци, Алинци, Канатларци и Ерековци. Според надлежните се претпоставува дека станува збор за намерно подметнат пожар.
За жал во огнената стихија изгореа и неколку куќи во селото Мало Рувци и трпезаријата од селската црква. Станува збор за куќи кои се или напуштени или пак куќи чии сопственици ги користеле како викендици, не за постојано живеење.
„Почитувани сограѓани гласно апелираме да не се пали оган во шуми, да не се палат стрништа или други површини! Мораме да се однесуваме совесно за да не се предизвикаат несакани последици кои што некогаш причинуваат огромни штети. Од страна на ТППЕ- Прилеп моменталната ситуација на теренот е под контрола и пожарот е целосно локализиран“, велат од општина Прилеп.