ЈКП „Комуналец“: Депонијата во Алинци целосно изгасната и заштитена со земјена покривка


Од ЈКП Комуналец соопштија дека денеска со отпаден инертен материјал и отпадна земја се покрила и последната опожарена ќелија на депонијата во Алинци. Депонијата веќе е целосно заштитена за што се употребени над 3.500м3 покривка. Огнот целосно беше локализиран вчера, за што од средата при избивањето на првиот пожар од јужната косина и сртот беше ангажирана градежна механизација, цистерни и товарни возила за дотур на материјал за покривање, велат од ова јавно претпријатие.

„И покрај локализирањето на првиот пожар од 26. 09. 2023 година, на 28.09.2023 година( петок), од сега непознати причин рано утрото, околу 04:00 часот, од западната косина па се до сртот, неочекувано изби и вториот поголем пожар за кој исто стручните лица од ,, Комуналец”, сметаат дека е подметнат. Брзото проширување на огнот повторно зафати голем дел од платото, кое за среќа редовно се покрива со земја и не дозволи огнот да се шири кон средината на депонијата. Со огромна стручна помош од ДЗС, ангажирањето на комуналните работници, ТППЕ и дополнителен ангажман на градежни машини и транспортни возила од вчера е изгасната и последнат опожарена ќелија на депонијата која зафаќа пристор од 28.600м2. Во моментов се уште се работи на дотур на отпаден инертен материјал и отпадна земја, со што во целост ќе биде покриена и заштитена депонијата“, додаваат од Комуналец.

Инаку, деновиве Пелагонија целосно беше во пламен. Две недели од ТППЕ се борат со голем број на пожари во Општина Долнени, каде покрај опожареното поле во прашање беа доведени и имотите, а изгореа и 1,000 прагови на железничката линија Битола-Скопје. Вчера пак се појави и огромен пожар околу населените места Штавица, Марул, Мало Рувци, Канатларци, Ерековци, Шелеверци и Алинци кој се рашири во радиус од 20 км. Овој пожар денеска е ставен под контрола.

 

 

 

 


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи