На 30.09. и 01.10.2023 во Аминдео Грција се одржа Меѓународниот Турнир во џудо ФИЛИПОС -2023. На овој Турнир во двата денови учество зедоа над 500 натпреварувачи од 15 држави: Грција, Турција, Македонија,Црна Гора, Украина Грузија, Киргистан, Казахстан, Ерменија, Молдавија, Бугарија, Ирска, Франција и Германија.
Џудо клубот Сеишин настапи со 12 натпреварувачи, а освоени се 9 медали (1 златен, 6 сребрени и 2 бронзени).
Медалите ги освоија:
Помлади пионери:
Ване Ацески 1- место
Владан Стрезовски 2- место
Арсениј Димески 2- место
Христијан Бунески 2- место
Иван Јошески 2-место
Помлади Пионерки:
Матеја Николоска 3-место
Бисера Јовеска 2- место
Тамара Стојковска 2-место
Кадетки:
Теона Настоска 3 – место
Кадетите Никола Магдески, Михаил Димоски и Михаил Стојановски прикажаа одлични и пожртвувани борби во силната конкуренција на овој турнир, но во решавачките борби за медал не успеаја да се пласираат на пиедесталот и сите тројца завршија на 5 то место. Спортистите беа предводени од тренерите Марио Тошески и Дејан Мицкоски кои се задоволни од прикажаните борби и освоените медали. Наредниот викенд 08.10.2023 Недела се очекува настап на големиот џудо турнир „ПРИЛЕП ГРАД ХЕРОЈ- 2023“ кој ќе биде во организација на домаќинот ЏК Сеишин-Прилеп.