Оваа година на 22-ри Октомври за првпат во Прилеп ќе се одржи спортски настан под слоганот „Че Трчаме!“. Ќе има трки на 5 и 10 километри како и детска трка. Организаторите велат дека целта на настанот била да се создадат здрави навики и да се зајакне спортскиот дух во Прилеп и Македонија
„На овој настан очекуваме повеќе од 1.000 пријавени учесници на трката. За победниците во четирите категории се обезбедени награди во висина од 150.000 денари и многубројни подароци од пријателите на трката. Трката ќе се трча низ центарот на Прилеп, настанот ќе започне од 8:30 часот со детската трка и продолжува со трките на 5 и 10 километри. За време на целиот настан ќе има музичка програма и дружење со пријателите и спонзорите на трката. Сите детали околу трката може да се видат на нашите социјални мрежи:
https://fb.com/cetrcame , https://www.instagram.com/cetrcame. Но и на нашата страна каде што исто така може да се пријават сите заинтересирани: https://runnerspot.com/event/CeTrcame “, велат од организацијата на „Че Трчаме!“.