ВИДЕО – Вистински спектакл за 11 Октомври по повод 15 години Tuning car show Prilep


Драги гледачи наш соговорник денеска е Марјан Ристески, претседател на здружението Tuning car show Prilep.

Оваа година како Здружение одбележувате 15 години од изложбата на модифицирани автомобили, која ја правите тука во Прилеп, на ова место во центарот на градот, за големиот национален празник 11 Октомври.

Нашата изложба годинава ќе се организира во Прилеп, како што кажавте. Ние почнавме како ентузијасти во 2007 година, како мала приказна, но прерасна во големо шоу, еве стасавме до 15 годишен јубилеј. Годинава нашето шоу е од поголем калибар, ќе биде меѓународно и ќе има многу учесници кои ќе бидат од надвор, а воедно ги поканувам и сите останати во Македонија ентузијасти да заземат позиција во нашето шоу, кое ќе биде рангирано во 4 до 5 категории. Оваа година кај нас ќе бидат застапени најстарите, односно олдтајмерите, потоа модифицираните тјунирани возила, луксузни возила и една категорија што ретко ја има на собирите, за џипови за офроад. Ние секоја година правиме некоја приказна на настанот, да има повеќе и повеќе, оваа година ќе заземат место многу учесници од цела Македонија и надвор од нашата земја.

Колку учесници очекувате да дојдат тука во Прилеп за 11 Октомври?

Оваа година ќе има многу голема бројка, но сепак сакаме мала тајна да остане за сите посетители кои ќе дојдат, ќе бидат почестени и ќе го видат нашето шоу кое ќе биде збогатено со различни категории кои ќе имаат различен ефект. Оваа година имаме многу модифицирани возила, тие се тјунирани, различни од нивната природа, имаме разчични џипови кои исто така се модифицирани, олдтајмерите се тука, а имаме и модифицирани олдтајмери. Сите категории на коли ќе бидат застапени, а годинава има пријавено и многу луксузни возила, кои ќе можат да се видат на самото ова место во Прилеп.

Колку вакви здруженија како вашето постојат на ниво на држава, колку вакви автомобили има, дали имаме доста вакви автомобили во Македонија кои се модифицирани?

Имаме многу во Македонија, речиси скоро во секој град има по еден клуб, некои и по 2 или 3, зависно од големината на градот. Во нашиот град сме ние, Тјунинг кар шоу веќе познат бренд на Балканот, застапуваме секаде, одиме во секоја соседна држава и имаме резултати, кои ги имаме објавено на нашата страна, каде победуваме, земаме први, втори или трети места. Дечките од мојот клуб напорно работат и се трудат да направиме што е можно поголем успех за Прилеп.

Како започна целата таа приказна за да се роди тоа Tuning car show Prilep во 2007 година, од каде идејата?

Јас бев тогаш стварно многу мал, имав една кола и се случи незгода која остана како приказна. Јас останав затворен во себе сѝ тој период, но позитивно. Јас ја носев таа кола на мајстор, каде ми викаа не плачи ќе биде колата направена како што треба. Јас со малку модификации, со помош на мои пријатели од странство, колата се модифицираше и стана тјунинг, од обична кола направив кола надвор од нејзината природа.

Кој модел беше?

Фиат Браво беше, и од кола оставена на милост и немилост за една година стана препознатлива и започнавме да се дружиме со сите мои пријатели низ Македонија. Но сепак се роди идејата за во Прилеп да направиме шоу и ние го направивме точно на ова место, како приказна за нештото да стане како денеска голем настан. Нашиот настан сега е препознатлив и надвор, годинава имаме многу поддршка и од надвор од државата, од странците, од соседните земји и тоа е приказна која е многу голема и ќе трае години, но сепак годинава сме како што треба да бидеме, добри домаќини и добри организатори.

Колку членови брои Tuning car show Prilep и кој сѐ може да биде дел од вашата екипа?

Нашиот клуб брои некаде околу 50 членови, кои се љубители на автомобили, но возачи со кои одиме секаде на собирите се околу 20 возила, сигурни и спремни. Другите возила се на почетници, кои не можат цело време да возат со нас, бидејќи сега се почнати, положиле за возачка и почнуваат да идат и да модифицираат со колите. Сепак овој настан не е само да појдиш некаде и да учествуваш, туку треба да бидеш спремен за која категорија би се такмичел, дали ќе биде мотор, надворешен дизајн, гепек, озвучување, седишта, надворешни датали, модифицирани работи на колата, добар бандаж, различни категории на модифицирано возило каде се натпреваруваш.

Колку време во текот на денот посветувате на вашите автомобили и дали ги следите тие светски трендови, дали постојаноги модифицирате возилата со нови елементи?

Па да, ние секогаш од нашиот клуб кога одиме на различен собир мора да бидеме различни, бидејќи ако не сме различни, не можеш да плениш нешто ново во настанот. Значи секогаш кога одиш на некој собир додаваш некој елемент нов, може да биде бандаж, некој лифт, некое ново озвучување, некој различен детал на колата, пример стикер, сето тоа е различно, нешта се додаваат. Значи ако за овој собир колата не била спремна, ставил добар ауспух или добар преден браник, фарови сменил, штопови, тие се детали кои имаат многу различни ефекти на ситуацијата во настанот.

Од каде ги набавувате овие делови?

Деловите доаѓаат од цел свет, еве за моето возило лично да кажам некои детали има од Мексико, од Америка, од каде не. Кај нас овде не постои таква вредност да се порачува сѐ и сешто од Македонија и да биде достапно, мора да оди од странство, преку наши пријатели да биде донесено во Македонија.

Сами ги модифицирате возилата?

Модифицирањето на возилата за ефектот на колата да изгледа како што треба ги правиме сами, со помош на нашите пријатели лимари, фарбари, кои се грижат за нашите убавици да бидат спремни.

Овие се автомобили само од изложбен карактер, или со нив се прават и некакви трки?

Нашиот клуб 99% е модифицирање на возилата кои се за изложби, колите не се возат често, многу ретко се возат колку акумулатор да не откаже и слично, знаете колата мора да се вози тековно, неделно 2-3 пати се вади и се врти низ градот малку за атракција пред народот, за луѓето кои сакаат да видат такви возила, но сепак не е секојдневна кола.

Да се вратиме на почетокот на овој разговор, како што кажавме тука на 11 Октомври се очекува да има вистински спректакл, со навистина уникатни возила кои се несекојдневни, поголем дел останува изненадување што ќе се случува тука, но дали може да откриеме дел, кои возила и какви се ќе може да се видат тука за празникот?

Кај нас на нашето шоу ќе имаме многу од класата на олдтајмери, коли кои не се видени досега низ Македонија на ниту едно шоу, имаме Мустанг од 68 година, имаме луксузни коли како Корвери, Ферари, Порше, самите луѓе ќе го видат настанот дали не бива да направиме такво спектакл во Прилеп. Бидејќи Прилеп е секогаш во срцето и ние ќе го направиме сето тоа за Прилеп, во најдобро светло.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи