Утре во Прилеп по 13 пат ќе се одржи традиционалниот џудо турнир „Прилеп – град херој, Цевитана куп“ во организација на Џудо Клубот СЕИШИН од Прилеп кои исто така оваа година одбележуваат 20 години од своето постоење.
„Ми преставува особена чест и задоволство за денешното ваше присуство на оваа прес конференција по повод организацијата на 13-от меѓународен џудо турнир „Прилеп – град херој, Цевитана куп“, како и по повод 20 годишнината од постоењето на клубот. Имаме најава за учество од вкупно 30 клубови од 7 држави со околу 300 натпреварувачи. Од страна на судиската комисија борбите ќе бидат водени од мешани судиски тимови од нашата држава и странство. Текот на натпреварите ќе го спроведува натпреварувачката комисија при нашата Федерација.
Во однос на другиот дел од организацијата клубот организатор има обезбедено богат фонд на награди за сите возрасни категории, медал, диплома, имаме пехари за најдобра екипа по старосни категории во машка и женска кагорија, посебно во помлади пионери машка и женска конкуренција, пионери машка и женска и кадети машка и женска конкуренција. Секој освојувач на прво место добива и друга специјална награда, обезбедена од нашите пријатели и спонзори, а тоа е по еден парфем. Дополнително имаме и поситни награди за најдобар натпреварувач, за најдобар освоен поен, за најбрзо победена борба итн. Да не се повторувам, имаме богат награден фонд како и секогаш на овој турнир, во оваа наша организација“, вели Дејан Мицкоски од Џудо клуб СЕИШИН Прилеп.
Претседателот на Џудо Федерацијата на Македонија, Владимир Трпаноски, истакна дека џудото во овој момент е светла точка во македонскиот спорт.
„Јас само кратко сакам пред се да го честитам јубилејот на џудо клуб Сеишин, 20 години од неговото постоење и искрено, како и секоја година сум се повеќе и повеќе изненаден од организацијата, од сето она што го гледам на овој традиционален турнир, кој очигледно прераснува како најдобар турнир на џудото во Македонија. Исто така од сето ова што го гледам, а се надевам и од утрешните борби, можеме слободно да кажеме дека џудото оди во нагорна линија, по правиот пат и по мене можам слободно да кажам претставува светла точка на целиот македонски спорт“, додаде Владимир Трпаноски, Претседател на Џудо федерација на Македонија.
Имаше и гости од странство како Вук Рашовиќ, 10 дан претставник од Србија, Драган Мрваљевиќ, генерален секретар на Џудо Федерација на Црна Гора и Миле Матијевиќ, 6 дан претставник од БиХ кои потенцираа дека ова е еден од џудо турнирите во регионот кој е доста ценет и почитуван.
„Јас направив многу важни работи за мене во Македонија, завршив факултет во Македонија, во Скопје, во Идризово, магистрирав на Криминалистика, така што во мојот живот Македонија, Скопје, Македонците и Македонките останаа и денеска во еден добар спомен. Дојдов од Бања Лука, Шипово, еден мал град, познат е на овие простори по еден змеј кој таму се претставува, по некои свои специјалитети, не е баш нешто репрезентативно, но пред неколкку години основавме Џудо Клуб во Шипово „Стеван Марковиќ“ и имаме еден прекрасен џудо камп, каде јас како тренер на клубот и активен џудо ветеран ги собирам џудо ветераните од БиХ и пошироко. Денеска се одлучив да дојдам во Македонија да му се оддолжам на мојот пријател Кире кој 2 години со ред доаѓа во Шипово со своите ветерани, така што ред е да дојдам и јас во Прилеп за прв пат“, рече Миле Матијевиќ, 6 дан претставник од БиХ.
„Морам да кажам дека ми е исклучителна чест да бидам денеска во друштво на овие спортски великани. Што се однесува на самиот турнир, ние клубовите од Црна Гора се трудиме да учествуваме на најпрестижните турнири во регонот меѓу кои и овој турнир и тоа го потврдува нашето присуство години наназад. Благодарение на нашите пријатели од ЏК СЕИШИН организацијата е на високо ниво. Доста пратиме турнири во регионот, овој е еден од тие кои ќе ги посетуваме и во иднина уште многу години“, вели Драган Мрваљевиќ, генерален секретар на Џудо Федерација на Црна Гора.
„Ако на мапата на светот би биле поставени сијалици кои би ги означувале местата каде се тренира џудо, ова сигурно не би било слаба сијалица. Јас сум имал привилегија да како раководител на југословенската џудо организација да соработувам со луѓе од Македонија и засекогаш ќе ми останат спомени со Сејдо Теофилоски и Славе Димитриоски, а посебно сум радосен што сега добив нови пријатели кои на таков начин го одржуваат џудото во овој град. И тоа на две најклучни линии. На призив на младите, ние ќе видиме неколку стотини млади тука од Македонија и пријателските држави, но и на големата култура за џудото која ја негуваат прилепските ветерани“, вели Вук Рашовиќ, 10 дан претставник од Србија.
Претседателот на ЏК СЕИШИН Дејан Ширкоски истакна дека турнирот секоја година се издигнува се повеќе и повеќе и се надева дека во иднина ќе бидат уште поуспешни.
„Во однос на квалитетот на турнирот можам само да кажам дека ако седиме во друштво на луѓе кои патувале 860 км. за да дојдат тука, со господин кој е носител на 10 дан и има 84 години мислам дека се кажува на кое ниво се издигна турнирот и се надеваме дека во идните години ќе бидеме уште поуспешни“, изјави Дејан Ширкоски, претседател на ЏК СЕИШИН.