Вечерва, 13 октомври 2023 од 19 часот во ликовниот салон од Центарот за култура „Марко Цепенков“ целовечерен концерт – четирирачно пијано ќе одржат пијанистите Горан Србиновски и Даниел Петрески.
ПРОГРАМА
- Ј. Bach
- Gottes Zeit ist die allerbeste Zeit, BWV 106 (arr. G. Kurtag)
- Aus tiefer Not schrei ich zudir, BWV 687 (arr. G. Kurtag)
- Debussy
Petite suite
- 1.En bateau
- 2.Cortège
- Menuet
- Ballet
- Ravel
Ma mere l`Oye
- Pavane de la Belle au bois dormant
- Petit poucet
- Laideronnette, Impératrice des pagodes
- Les entretiens de la Belle et de la Bête
- Le Jardin féerique
- Poulenc
Sonata
- Prelude
- Rustique
- Final
Горан Србиновски музичкото образование го започнува во Државното музичко училиште – Битола на насока музичар теоретичар. Во текот на средното образование изучува пијано и контрабас и се стекнува со повеќе награди на државни и меѓународнинатпревари по теорија на музика, хармонија, солфеж и пијано. По завршувањето на средното образование се запишува на Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип на вокално – инструментален оддел – пијано со модул камерна музика во класата на проф. др. Милица Шкариќ. Во текот на студирањето учествува на семинари и мастеркласови кај професори како што се Анте Милиќ (Загреб), Асами Сате (Јапонија), Александар Сердар (Србија), Винфрид Хакл (Австрија) и др. Настапувал на повеќе концерти како солист и камерен изведувач во различни градови како Штип, Битола, Велес, Прилеп и др. Дипломира во 2021. година и се запишува на втор циклус студии на Музичката академијапри универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип во класата на проф. др. Милица Шкариќ. Моментално работи како наставник по пијано во Државното музичко училиште во Битола.
Даниел Петрески своето музичко образование го започнува во Државното музичко училиште – Битола на насоката музичар теоретичар. Во текот на средното образование има освоено повеќе награди на државни и меѓународни натпревари по солфеж, теорија на музиката, хармонија, пијано, камерна музика. Во 2016 година ги започнува студиите на Факултетот за музичка уметност – Скопје на одделот за музичка теорија и педагогија. Во 2018 година паралелно се запишува на вокално инструменталниот оддел – пијано во класата на проф.д-р Марија Ѓошевска.Во 2022 година дипломира на двата оддели.Има освоено две втори (2019,2021) и една прва награда (2022) на Полифон конкурс организиран од ФМУ. Настапува солистички и како пијано соработник на повеќе концерти во рамките на факултетот, концертната серија “Musica viva”, на фестивалот “Денови на македонска музика”, на концерти организирани од Музичката младина на Македонија, и др. Работи како наставник по пијано во mузичко и балетско училиште„ Крешендо“ во Скопје.