Од тука сакам да истакнам дека истите тие политички партии кои што денес зботуваат против одредени политички партии кои штоо се со етнички предзнак, а не македонски предзнак, истите тие 11 години беа во власт со тие партии. Истите тие партии кои што сега се прават лавови 11 години беа како мачиња во колиција со ДУИ, рече денеска во Прилеп, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.
„И за крај би сакал да ве поттикнам и да прашам, а можете и вие да прашате, дали лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и членови на негово високо раководство и колку пати во последните 6 месеци барале и оствариле средби со лидерот и високо функционери на ДУИ и на тие состаноци доколку ги имале за што разговарале“, истакна Ковачевски.