Ѓомлезе, ајвар, мед, разни видови на сирења, домашно чадено месо, костени, џемови, лековите ликери и разни рачни изработки и годинава беа дел и од Саемот на земјоделски производи и Домашно.мк кој во Прилеп традиционално се организира по повод 15 октомври Меѓународниот ден на жените од руралните средини. Организаторите, ЛАГ АГРО ЛИДЕР, велат дека овие манифестации придонесуваат да се промовира значењето кое што го има руралната жена за развој на заедницата, а исто така и промоција на културата и традицијата на нашето поднебје. Жените земјоделки велат дека само организирани и здружени може да се изборат за своето место. Велат дека граѓаните се повеќе сакаат да купуваат директно од производителите.
Еве дел од атмосферата на овој прекрасен настан во Прилеп.