На 14.10.2023 година во Штип се одржа шестото и последно коло од супер и младинската лига на Македонија во бокс. Боксеркиот клуб “Ас” од Прилеп настапи со тројца боксери, а екипата ја предводеше двократниот шампион во бокс на Македонија Матеј Чатлески.
„Презадоволен сум од настапот на нашите боксери кои беспрекорно се бореа во рингот овие 6 кола. Победувавме и губевме, а најбитно е што нашите боксери дисциплинирано со напорни тренинзи се градат како зрели личности и направија големо искуство во рингот. Со одлична школа за бокс го претставивме нашиот клуб и нашиот град Прилеп. Оваа година не успеавме да го освоиме првото место, а мораше да се задоволиме со вице шампионската титула на младинската лига во бокс на Македонија. На крајот на месец ноември не очекува државното првенство во бокс на Македонија. Ќе дадеме се од себе да освоиме повеќе медали“, вели тренерот Дарко Чатлески.
Резултати од 6 коло:
Категорија кадети: до 60 кг.
Теодор Тошески (БК АС) во равноправна борба загуби на бодови од Сонер Ајрушов (БК ФАМ.ДЕМИРОВИ)
Категорија кадети: до 63 кг.
Димитар Талимче (БК АС) со прекин во прва рунда го победи Иле Маневски (БК БАРГАЛА)
Категорија кадети: до 67 кг.
Мендерес Еминов (БК АС) издвои победа на бодови против Бојан Ѓорѓиев (БК БАРГАЛА)