Вицепремиерот Фатмир Битиќи за време на гостувањето на 24 Вести рече дека ќе предложат закон за корекција на платите на функционерите.
„Добивме задолжение од владата за формирање на работна група за законот за платите на функционерите од неколку министри која треба да работат на нов закон за избрани и именувани лица за да направиме поправедно решение и ослободиме дел од сретствата. Тоа е клучно во одредени временски периоди кога треба да покажемме солидарност. Ќе ослободиме сретства зошто решението нема да се донесе за еден месец, туку во временски период кога сретствата планирани за плати ќе бидат планирани за антикризни мерки“, рече Битиќи
Владата задолжила четворица министри да оформат нови антикризни мерки.
Битиќи објасни дека со пренамената на буџетот ќе има нови околу 70 милиони евра за нови антикризни мерки и дека за неколку дена пред јавноста ќе биде презентиран новиот пакет.