Вкупното бруто-примарно производство на енергија во земјава минатата година изнесувало 1 040 502 toe или 37.9 % од вкупно потребната енергија, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупната потребна енергија во 2022 година била 2 746 673 toe.
Најголеми финални потрошувачи на енергија во 2022 година се: сообраќајот со 41.1 %, домаќинствата со 26.3 % и индустријата со 20.1 % (од расположливата финална потрошувачка).