14 тендери вредни 6,5 милиони евра биле доделени на само една компанија од страна на МИОА

Facebook
Twitter
Email
Print

Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу објави дел од ревизорскиот надзор кој самиот го побара да се провери работењето на неговото министерство во изминатиот период при што бил направен по случаен избор врз 18 тендерски постапки.

Во периодот од јануари 2021 година до јуни 2023 година Министерството за информатичко општество и администрација потрошило 6,5 милиони евра за тендери на кои се јавувала најчесто само една фирма и таа ги добивала.

„Ова влијае на конкурентноста и на изборот. Државните институции се принудени да плаќаат повисоки цени поради малата понуда од компаниите. Во наредниот период ќе организираме средби, на кои ќе ги информираме навремено, уште во фаза на анализа на пазарот, сите компании што ќе бидат заинтересирани за да може понатаму во постапките да се заинтересираат и да одговараат на нашите повици“, рече министерот Алиу.

Министерот одржал и средба со стопанските комори каде побарал објаснување од компаниите зошто не се заинтересирани за учество на тендерите од државните институции. Добил разочарувачки одговор, односно му било потенцирано дека некои од нив немаат доверба во институциите и не трошат ресурси да се пријават.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи