Со отворањето на Просторниот план за Македонија, кој се отвора еднаш на 10 години, сега е шансата за Општина Македонски Брод и Поречието да добијат можност за урбанизација, која е стопирана со децении поради проектирано езеро кое никогаш не е изградено. Во 1974 година како продолжение на езерото Козјак било планирано да се изгради уште едно вештачко езеро Калуѓерица. Езерото не се изградило, но во Просторниот план 2005 и 2020 година повторно се превидува и тоа би се протегало се до селото Суводол, а Македонски Брод би бил скоро на самиот брег. Сега ниту се гради езеро, ниту пак се возможни нови градби и инвестиции. Целиот крај е статус кво. Општината и бизнисмените бараат државата да го избрише ова езеро кое е пречка за целиот крај.
„Верувајте дека со правње на браната Козјак апсолутно нема смисла постоењето на браната Калуѓерица. Наместо браната Калуѓерица да биде економски двигател на нашата Општина таа го влече економскиот развој наназад. Не може да направиме никаква урбанизација да направиме покрај Треска или покрај регионалниот пат поради таа зацртана брана“, вели Жарко Ристески, градоначалник на Македонски Брод.
Од Општината велат дека ако сега не се реши овој проблем тоа ќе значи можеби комплетно замирање на Поречието. Според нив езерото било непотребно затоа што, прво било прескап проект, а второ со ќе се потопат 6 села, сегашниот пат Брод-Скопје, пештерата Пешна и сета инфраструктура која се градела со децении тука. Практично комплетно ќе се уништи и отсечи овој крај. А до оние села кои нема да се потопат нема да може да се стигне.
„Просторниот план се отвора на 10 години и доколку оваа година не успееме ние да се повлечи таа кота на браната уште наредните 10 години остануваме на истата позиција, ќе тапкаме во место“, додаде Ристески.
Од Македонски Брод се пожалија и тоа дека државата се уште нема слух за изградба на патот Брод-Скопје со кој тие до главниот град ќе може да стигнуваат за само 80 км, а не сега за 160. Сегашниот пат е тесен и со времен режим на сообраќај. Тоа е втората пречка за развој на овој крај.