Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР вчера во општина Кривогаштани одржа настан на кој беа презентирани позиционите документи за справување со климатските промени во земјоделството. На настанот беа дискутиравме причините, последиците, можностите за справување со климатските промени и добри практики и мерки за адаптација на земјоделството кон климатските промени.
Имајќи во предвид дека земјоделството е еден од најважните сектори на економијата на нашата држава, дека половина од територијата на државата е земјоделско земјиште, и дека голем дел на населението е вклучено во земјоделскиот сектор, а потрошувачката на енергија е во секоја фаза на земјоделските процеси и ги става ранливи на високите трошоци за енергија и нестабилните флуктации на енергетскиот пазар.
Подобрувањето на енергетската ефикасност во земјоделството е од суштинско значење за да се намали побарувачката на енергија и оттука да се намалат трошоците.
Потребна е примена на енергетско ефикасни практики и креирање на мерки за подобрување на енергетската ефикасност во земјоделството, со цел јакнење на економската положба на земјоделските стопанства и достигнување на одржливо земјоделство.
Општините ја имаат најважната улога во обезбедувањето на поддршка за справување со климатските промени. Секоја општина има можност, а и должност да ги детектира специфичните потреби на својата територија, и да идентификува мерки кои ќе одговорат на реалните потреби на своите жители во различни сектори, меѓу кои секторот земјоделство и заштитата на животната средина.
Пратејќи ги трендовите на глобално ниво, со цел да се напредува кон енергетски паметни системи за храна, општината треба да го промовира концептот на „Енергетски паметна храна за луѓето и климата“ кој ќе се заснова на три столбови:
- зголемување на енергетскиот пристап со фокус на руралните заедници;
- подобрување на енергетската ефикасност во сите фази од синџирот на снабдување со храна; и
- замена на фосилните горива со системи за обновлива енергија во земјоделско-прехранбениот сектор.
Националните и локалните власти ќе треба да ги разгледаат политиките и мерките кои го поддржуваат руралниот развој, ја комбинираат безбедноста на храната со енергетската безбедност и ги исполнуваат нивните цели за одржлив развој и намалување на емисиите на стакленички гасови.
*Настанот е организиран во рамките на проектот “Енергетско ефикасни практики како решение за климатски промени” спроведуван од Солар Македонија, ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Избор Струмица поддржан од проектот „Граѓанските огранизации во акција за климатските промени“ Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“, заедно со партнерските организации Македонско здружение на младите правници – МЗМП и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП Македонија, и е финансиран од страна на Владата на Шведска