Денес од 19.00 часот во фоајето од ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт дуо на кој ќе настапат Кети Петреска – хармоника и Христина Никоска Тасеска – пијано.
Програма:
- Rubtsov – Concerto no. 1
– Andante
– Allegro
- Derbenko
– Prelude
- Hermosa
-Brehme
Биографија :
Кети Петреска ( 1985) основното музичко училиште го завршува во ООМУ „ Ордан Михајлоски – Оцка “, во класата на проф. Петар Андоноски , а средното музичко образование во МУ „ Стеван Мокрањац“, Краљево , Р.Србија во класата на проф. Владимир Мандиќ.Високото образование го продолжува на музичката академија во Источно Сараево , БиХ, каде дипломира во јули 2008 година , отсек класична хармоника во класата на проф. Данијела Газдиќ-Кљајиќ. Во текот на своето образоание била учесник на натпревари на државно и меѓународно ниво каде остварува високи резултати.Како педагог започнува да работи во 2007 год.во МУ „ Стеван Мокрањац“-Краљево и до 2010 год. работи во повеќе музички училишта во БиХ и Р.Србија. Од 2010 работи во „ Ордан Михајлоски –Оцка “ ,Прилеп. Ангажирана е во работата на стручно жири на домашни и меѓународни натпревари. Учениците на проф. Кети Петреска имаат учествувано на бројни државни и меѓународни натпревари и добитници се на многубројни награди.
Пијанистката Христина Никоска Тасеска, е родена 1989 год. во Прилеп. Го започнува своето образование во музичкото училиште во Прилеп, во класата на проф. Виолета Кочоска, а во текот на својата музичка наобразба соработува со повеќе ментори, како проф. Мери К. Стоилкова, проф. Надежда Пејсахова и проф. Глигор Гелебешев. Средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ ‘Илија Николовски-Луј’ – Скопје, во класата на проф. Људмила Романова, а дипломира на ФМУ – Скопје, во класата на проф. Марија Ѓошевска.
Учествува на повеќе државни и меѓународни натпревари, од кои издвојуваме позначајни награди: Прва награда на натпреварот ‘Свирел’ – Словенија (2018 год.), Први награди на државниот натпревар по пијано( 2010, 2008 год.), Втора награда на ‘Полифон конкурс’ на ФМУ – Скопје (2007) и други. Учествува исто така и на повеќе семинари кај реномирани педагози: проф. Борис Романов – Скопје, проф. Антонио Сориа – Барселона, Шпанија, проф. Јуриј Кот – Киев, Украина, како и интензивните мајсторски курсови во Нови Сад кај проф. Мирослав Красовски-Тел Авив, Израел.
Во 2012 год. е дел од Европската летна музичка академија, каде работи со проф. Лејла Пула – Косово и проф. Јаромир Клепач – Чешка. Бележи голем број на солистички и камерни настапи, рецитали, како солист со Македонска филхармонија и учества на повеќе фестивали: Златна лира, Охридско лето, Прилепско културно лето, Скопско лето, Денови на македонска музика, Есенски музички свечености, Musica viva, Битолско културно летои други. Концертира и на чембало и бележи настапи како солист со камерниот оркестар ‘Солисти на ФМУ’. Во 2016 год. дебитира на сцената во Кина, каде во градот Вејфанг, покрај концертите, одржа и мастер часови. Во 2015 год. го сними својот прв аудио диск – ‘Музика за четворорачно пијано’, со дела од Моцарт и Шуберт, во соработка со пијанистката Мери Кафкалевска Стоилкова.
Доста е препознатлива и по својата педагошка работа, во која со своите ученици има освоено преку 150 награди и признанија, на државни и меѓународни натпревари. Од 2012 год. работи како професор по пијано и корепетиција при ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ – Прилеп.