По повод месецот на книгата гостин во ООУ „Св. Климент Охридски“ во М. Брод писателот Бојан Бежоски

По повод месецот на книгата, денеска гостин во ООУ „Св. Климент Охридски“ во Македонски Брод беше писателот кој воедно и потекнува од овој град Бојан Бежоски. Бежоски е автор на неколку книги и еден публицистички труд за Поречката заедница.

На денешната средба во нашето училиште СВ. Климент Охридски во Македонски Брод, беа присутни деца од различни одделенија. На средбата имаа можност да разговараат со писателот и да го прашуваат прашања поврзани со пишаниот збор. Нас ни беше задоволство и чест, што тој не удостои со неговото присуство, истакнаа наставниците по македонски јазик и литература Михаела Михајлоска и Васе Силјаноски.

Писателот Бежоски истакна дека чувствува огромна чест и задоволство што денес, после еден изминат период се навратил на убавите школски денови и бил гостин во ООУ „Св. Климент Охридски“, каде имал можност да поразговара со децата на повеќе теми околу пишаниот збор.

Им благодарам на наставниците по македонски јазик и литература Михаела Михајлоска и Васе Силјаноски што ме поканија на средба со учениците од општинското основно училиште СВ. Климент Охридски, по повод месецот на книгата. Средбата беше навистина прекрасна, децата прашуваа прашања поврзани со пишаниот збор и неговите придобивки. Им потенцирав дека треба што е можно повеќе да читаат книги, но и да ги почитуваат нашите македонски автори. Книгата е единствениот пријател што ќе те однесе на места каде што никогаш не си бил но и ќе се зголеми нивниот вокабулар. На крајот од средбата им подарив книги на сите присутните ученици со автограмски потпис“, истакна писателот Бојан Бежоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи