ВИДЕО – Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е апсолутно против да бидат ослободени криминалците што се наоѓаат во затворите





СДСМ во парламентот беше против Законот за амнестија, но СДСМ на седница на Влада беше ЗА за Законот, така што јас мислам дека сега треба да прашате кое СДСМ е за што, бидејќи збунети се граѓаните, не можат да ја разберат пораката, изјави денеска во Прилепм лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски, Бојан Маричиќ и останатите на владина седница гласаат ЗА за Законот за амнестија, а Јован Митревски, како се викаше од Струга координаторот и останатите во парламент гласаа против. Е сега која порака на СДСМ граѓаните треба да ја коментираат. Но она што е важно е што ВМРО ДПМНЕ има јасен став и ВМРО ДПМНЕ е апсолутно против да бидат ослободени криминалци кои што денес се наоѓаат во затворите низ Македонија. Дали некои политичари преземаат обврски во комуникација со тие криминалци, па сега не можат да испорачаат, тоа е друга работа. ВМРО ДПМНЕ има јасен став, криминалците треба да бидат позади решетки, а не слободни граѓани, така што позицијата на ВМРО ДПМНЕ е јасна и непроменета“, рече Мицкоски.



Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи