ВИДЕО – Мицкоски: Во Прилеп во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра


Денеска во Прилеп ќе разговараме за она што е важно за прилепчани, а што треба да биде дел од идната програма на ВМРО-ДПМНЕ за следните парламентарни избори, бидејќи за неколку месеци од денеска почнува и официјалната кампања за следните парламентарни избори, рече Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп.

„Ние имаме би рекол студиозен и многу темелен пристап во оваа предкампања, во оваа теренска акција сакаме со со групи граѓани да разговараме и директно од терен да слушнеме што е она што е за нив важно, а што би требало да биде дел од програмата на ВМРО ДПМНЕ, кои се очекувањата од идната влада на ВМРО-ДПМНЕ па да видиме, да ги анализираме, да направиме јасна методологија што е тоа што ќе го исполниме, што е тоа што едноставно поради објективни причини не може да се реализира и што е тоа кое во фази ќе се реализира. Многу сме внимателни и сакаме да влеземе во кампања во која тоа што ќе биде ветено ќе биде и испорачано, не сакаме да ветуваме чуда, ние не сме чудотворци, а и чудата не се возможни, сакаме тоа што ќе го ветиме да биде и реализирано, бидејќи во минатото сме свесни дека се давани големи ветувања, се креваат очекувањата, а потоа кога политичарите нема да го испорачаат ветеното следуваат големи разочарувања и тоа е лош пример и затоа сега имаме таков темелен и студиозен пристап“, рече Мицкоски.

Мицкоски рече дека привршувале  проектите за реконструкција и ревитализација на улиците во Прилеп, како и други проекти, но не кажа кои се тие.

„Навистина тоа што беше кажано се реализира, очекувам така да продолжи и во периодот кој следи, иако сум свесен за сите предизвици со кои се соочува Општината и онаа состојба која беше наследена, а од друга страна и односот на владата на СДСМ и ДУИ каде имаме градоначалници од редот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. Но тоа е лошата вест, добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме влада на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата, влада која на целата територија на Македонија, во сите општини, без разлика дали градоначалникот е од редот на ВМРО ДПМНЕ или не е, сакаме насекаде да инвестираме. И минатиот пат кога бев во Прилеп кажав, сакам сега да повторам дека повеќе од 250 милиони евра годишно ќе бидат реалоцирани од централниот буџет кон општините. Во Прилеп во еден четиригодишен мандат ќе бидат инвестирани до 34 милиони евра, помеѓу 8 и 8.5 годишно, што ценам дека е бројка која навистина ќе допре до секој граѓанин во Прилеп. Ние не можеме сите проблеми да ги решиме, но очекувам дека со оваа инвестиција во еден четиригодишен мандат од идната влада на ВМРО ДПМНЕ голем дел од потребите на прилепчани ќе бидат решени. Така што уште еднаш сакам да ги поздравам прилепчани, да ги поканам денес да ни се придружат за време на теренските активности, да слушнеме што е тоа што за нив е важно и истото тоа да биде дел од идната програма на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата“, истакна Мицкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи