ВИДЕО – Се доделија наградите „3-ти Ноември“ за 2023 година


На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, вечерва, беа доделени третоноемвриските награди. Наградите се доделуваат секоја година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, а годинава се навршуваат 79 години од конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор.Седницата ја отвори претседателот на Советот, Дејан Проданоски, кој ги додели наградите заедно со градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници, Игор Николоски.

„Нека ни е честит 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп. Денес oддаваме почит на хероите, за нивната жртва, за тоа што ги дадоа своите животи за слободна и самостојна Македонија и за ослободувањето на нашиот град од фашистичкиот окупатор. 79 години подоцна, стоиме тука со воспоставена традиција на овој голем ден за Прилеп и прилепчани со тоа што оддаваме признание на граѓаните чии индивидуални и колективни достигнувања придонесле за подобрување на животот во нашиот град“, вели Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Годинава Наградата за животно дело, по повод „3-ти Ноември“ се додели на тројца истакнати прилепчани, кои дејствуваат во различни општествени сфери. Академик д-р Валентин Мирчески ја доби оваа награда за особен придонес во развој на природно-математички и биотехнички науки.

„Научно истражувачката дејност е една ако не и најкреативната човечка дејност. Предизвиците пред истражувачот знаете немаат крај, секогаш може подобро. Јасд преку мојата научно истражувачка работа сум горд на еден факт, не толку на самите резултати, меѓутоа улогата која што сум ја имал во инспирирање на моите студенти. Така тоа ми била моја дадена судбинска улога.Тој мој порив е природен, јас имам општа желба за знаење. И тоа сум го стекнал во оваа средина и затоа јас велам Прилеп дели меѓу другите работи и една интелектуална традиција“, вели академик д-р Валентин Мирчески.

На примариус специјалист д-р Благоја Дамески, Наградата за животно дело му се додели за особен придонес во медицината и опшественото живеење.

Човекот со своите дела се слика себеси. Тоа е фотографија на човекот. Трудот го прави тоа што сакаме да го создадеме. Нема генијалност, има само труд, работа и работа. рабоатата се ќе создаде. Се ова што го имам е со труд направено и со љубов. Љубовта е многу битна. Јас мислев дека е навреда за животот, живот заспан да се живее. Ама презедов чекори за се што мислев дека ќе го реализирам. Ама си велам Бог му дава на човекот онолку колку што може да издржи, ништо повеќе ништо помалку.И јас тој товар го зедов“, истакна примариус специјалист д-р Благоја Дамески.

Оваа награда ја доби и Диме Попоски за особен придонес во музиката, режијата и филмот.

Татко ми што беше учесник во НОБ, фрли 2 бомби врз затворот тука, никаде не го пишува само во историјата, Академијата на науки што ја издаде го пишува Никола Попоски – Просветниот, така му беше партизанското име. Татко ми е осуден на смрт од Бугарите во 1941 година и чичко ми е осуден исто така на смрт. Тие двајца не се битни само за 11 Октомври, тие имале книжарница каде печателе разни книги. Татко ми ги печател првите изданија на поемата за Гоце, за битката на Ножот и други“, рече Диме Попоски, музичар.

Награди – дипломи по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделија на истакнати поединци кои придонесле за афирмација на Прилеп. Елизабета Настеска, медицинска сестра за совесно работење во својата служба.

Мојот животен сон започна далечната 2007 година и од тогаш цели 15 години се стремам за доброто на оваа професијач. Најпрвин како младински координатор во црвен крст Охрид и во делот на здравствено – воспитната дејност во Општина Охрид како член на координативното тело на болести на зависност и заразни заболувања. Оваа година на 12 мај на Интернационалниот ден на сестринството во Скопје на свечена Академија го добив престижното признание за најхумага медицинска сестра и даде просебен придонес на сестринската професија во цела земја“, кажа Елизабета Настеска, медицинска сестра

Ваква диплома доби и Хари Сековски, хуманитарец од дијаспората.

30 години во Швацарија работам на претставување на градот Прилеп, Македонија и Македонците во Швајцарија, Две години без претседател на македонското добротворно хуманитарно друштво Македонија од Ешалон. Како претседател на организациониот одбор го организиравме најголемиот протестен митинг на Македонците во Европа каде присуствуваа околу 5.000 членови пред зградата на ОН во Женева, поради грчкото вето на Македонија за влез во НАТО. Во 2001 за време на војната во Македонија бев дел од организациониот одбор кој што собиравме средства за помош за бранителите за Македонија“, рече Хари Сековски, хуманитарец од дијаспората.

Татјана Иваноска, музички работник за посветено работење со млади уметници.

Воопшто и не сонував дека всушност јас нема да бидам музички педагог туку станав музички мисионер. Паралелно со тоа работам со музички таленти, па и деца кои не знаат дека се музички таленти. Откривам, детектирам таленти со кои понатаму работам. А некои од нив што не ни сонувале дека ќе станат музичари стануваат оперски пејачи, професори по музика и слично“, вели Татјана Иваноска, музички работник.

Теодора Димеска е женски репрезентативец на Македонија во џудо која исто така се закити со Награда – диплома по повод „3-ти Ноември“.

Во репрезентацијата на Македонија настапувам веќе 12 години во сите возрасни категории, моментално се натпреварувам во сениори. Сум носител на црн појас 1 дан, кој го стекнав пред 2 години, што значи мајсторски појас. Џудото за мене е начин на живот“, рече Теодора Димеска е женски репрезентативец на Македонија во џудо.

Награда диплома се додели и на Наде Караџоска за истражувачка дејност во сите области на библиотекарството.

Како мое превенче и мој прв обид со научно истражувачката дејност е работата со библиографии. Првата библиографија е хронолошката библиографија за Народниот театар „Војдан Чернодрински“, монографија и библиогравија за прилепскиот шах. Биобиблиографијата за големиот уметник Борко Лазески. Книгите од мојата потесна специјалност како маркетингот во библиотечното работење, менаџментот во во библиотечното работење, тука е и книгата секавањата за големиот Народен херој Борка Талески, по кој нашата библиотека го носи и името“, изјави Наде Караџоска за истражувачка дејност во сите области на библиотекарството.

Петар Мирчески е македонската гордост во областа на хемијата, кој освои бронзен медал на светската олимпијада по хемија, која се одржа во швајцарскиот град Цирих.

Љубовта кон хемијата уште од самото изучување, уште од почетокот 8 и 9 одделение ми остави огромен впечаток и понатаму и во средно сакав да ја изучувам се повеќе и повеќе. Станува се пшодобар и подобар и на таков начин имав шанса да учествувам на државните натпревари каде се здобива со огромник успеси и добив шанса да учествувам во подготовки за Олимпијадата. Тоа бараше огромен труд, но јас со многу напод успеав да учествувам на Олимпијадата“, кажа Петар Мирчески, ученик во прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

 

„Петар е нашата гордост, гордост на нашата Гимназија на Прилеп и Македонија. Тој своето го направи, изоде тежок пат, направи се што требаше сега останува на државата да му помогне да оди понапред“, додаде Блаже Димески, професор во прилепската гимназија „Мирче Ацев“.

Награди – плакети по повод „3-ти Ноември“ – Денот на ослободувањето на Прилеп  добија повеќе организации и здруженија. Меѓу нив и Територијална противпожарна единица Прилеп за своите натчовечки напори за зашитита на населението и околината од пожари, особено оваа година.

„ТППЕ Прилеп располага со најголемо ниво на покривање на територија во Македонија, вклучувајчи ја покриеноста и на Општина Долнени. Дури и во некои поспецифични интервенции тие ги извршуваме и на повик на Општина Кривогаштани. Располагаме со 34 професионални пожарникари и 12 сезонски пожарникари ангажирани преку локалната самоуправа, споредбено со 2022 оваа 2023 година можеме да кажеме да кажеме дека интервенциите се зголемени од 150 до 200 проценти“, вели Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.

Потоа бендот The Hounds за својот петнаесетгодишен развој на субкултурата во Македонија.

Досега имаме издадено 2 авторски албуми. Работиме на најново EP што треба да излезе до крајот на годината. Настапуваме низ цела Макодинија, имаме амбиции да настапиме и надвор. Работиме интензивно на нов материјал. Работиме на нови видеа и соработка со различни музичари, впрочем и во нашите 2 претходни албуми соработувавме со над 15 истакнати музички имиња од Македонија. И со рокенрол музиката можеме да ги начнеме темите кои сакаме да ги обработуваме. Најчесто во нашите песни се работи за социјални теми. Секогаш сме на страната на обесправениот, никогаш со пчолитичка позадина зад нас“, вели Златко Карчески, фронтмен на The Hounds.

Младинска екипа на ФК Победа за афирмација на спортот во Европа.

Генерацијата 2003 заедно со своите тренери, првичен успех беше во регионална лига како регионални прваци, па сето тоа продолжи во еден фудбалски континуитет, се до младинската категорија. Најголемата заслуга за да се постигне еден таков успех е тоа што клубот застана зад таа генерација, зад сите кои беа инволвирани во тој успех. Тука се и оние структури кои се грижат играчите да имаат чиста опрема, значи од најниските па се највисоките структури. Благодарност до сите и затоа се дојде до овој успех“, кажа Кирил Овезоски, координатор на Младинската фудбалска школа на ФК „Победа“.

Награда плакета добија и група верни пријатели на манастирот Трескавец кои неколклу децении скоро секоја недела го посетуваат ова наше духовно светилиште и помагаат во неговото одржување и обнова.

Дали е зима со снег, дали есен со дожд и магла, дали летен ден со некои жештини ние сме секогаш таму на манастирот затоа што тоа ни дава посебна енергија. Сме почнале да го посетуваме манастирот некои пред 30, а повеќето од нас пред повеќе од 40 или 50 години. Редовни пешачења до манастирот секоја недела и секој поголем верски празник практикуваме во последните 20, па и повеќе години. Во тој период постојано ја одржуваме пешачката патека од Слонот преку Маркови Кули, под Маркови Кули преку Плоча до манастирот. Засадени се многу дрвца, изградени неколку планински чешми, расчистуван паркингот пред манастирот како и чистење на одводните канали на главниот асфалтиран пат до манастирот. Засадувани се лозници од задната страна на манастирот како и многу дрвца околу самиот манастир и по патот до манастирот од кои голем дел изгореа во неколку пожари“, рече Јохан Ѓорѓиоски, од групата верни пријатели на манастирот Трескавец.

Пчеларско здружение ,,Братство” од Прилеп годинава одбележува 70 години јубилеј од своето постоење и афирмација на прилепскиот мед во и надвор од Македонија.

Целта на пчеларското здружение „Братство“ од Прилеп е да ги запознае и пчеларите и граѓаните со медот и другите пчелни производи и за нивните хранливи вредности. Како општествено одговорно здружение му помагаме на семјествата кои имаат згрижено деца со посебни потреби. Даваме мечиња со мед и во детските градинки. Здружението учествува на повеќе манифестации како што е Саемот на мед во нашиот град, така и во другите градови“, кажа Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.

Како и секоја година награди – плакети добиваат и дел од компаниите од овој град. Награда плакета годинава доби најголемата компанија во Прилеп, странската инвестиција Гентерм, како општетствено одговорна компанија.

Нашата компанија е фокусирана да има позитивно влијание врз локалните заедници каде што работиме. Прилеп тука не е исклучок. Кога дојдовме овде поддршката на заедницата стана наша примарна социјална функција во нашиот секојдневен бизнис. Дефиниравме процес за тоа. Формиравме одреден буџет за секоја година, имавме повеќе средби  со локалните институции за да ги разбереме нивните примарни потреби и да ги дефинираме приоритетите за поддршка. Со гордост можам да кажам дека нашата компанија во изминативе годинби поддржуваше многу активности за локалната болница, образовани институци ( училишта, градинки, техничкото индустриско училиште, домови за деца без родители“, кажа Андреј Хафинетс, директор на компанијата Гентерм.

Технобен Нова Прилеп е компанијата која го доби ова признание за развивање на современи треднови во индустријата.

„Јас сум Блаже Крстески, еден од двајцата сопственици на фирмата, колегата е Менде Велески. Фирмата е формирана 1999 година и се развиваме како мала занаетчиска работилница, па продолжуваме понатаму со предзвик од година во година со освојување на нови проиводи, така што бележиме еден подем во работењето, започнавме со 3 вработени, сега имаме 30. Произведуваме резервоари за течни горива, складишни резервоари, котли за греење, и производството е врз база на домашен челик за домашни производи“, кажа Блаже Крстески, сопственик на Технобен Нова Прилеп.

Слаткарницата ,,Шар” цели 60 години јубилеј не засладува со своите слатки специјалитети. Нема прилепчанец или некој кој не го посетил овој град, а да не пробал од нивните познати, тулумби, индијанки, баклава или боза.

Пред 60 години мојот дедо, татко ми и чичко ми го одбрале Прилеп како град за живеење и оформија слаткарница „Шар“, која се занимава со производство на традиционални слатки и пијалоци. Традицијата ја продолживме јас и мојата сопруга со истиот квалитет, истите рецепти на слатки. Индијанки , тулумби, шампити, баклави и прочуената боза. Ние со сопругата воведовме и многу нови и помодерни слатки“, истакна сопственикот на слаткарница „Шар“.

ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп награда плакета доби за своето хуманитарно работење во својата дејност.

„ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп е основна во февруари 2008 година од Д-р Пецко Десоски, специјалист по клиничка биохемија. Тимовите во овааа амбуланта долго време се вклучени во континуирана едукација на општата популација како што се обуки за превентивни прегледи кај деца од предшколска возраст, обуки за само преглед на дојки кај адолесцентна, школска возраст и возразни, како и против стигматизацијата на пациентите со ретки болести“, вели Христина Гулеска, ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски Прилеп.

Годинава мотото на празникот е Прилеп, борец, херој, хуманитарец.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи