ВИДЕО – Хуманитарен турнир во организација на СОУ Ѓорче Петров и ООУ Добре Јованоски за малиот Марко


Младите од Прилеп се организираат во обезбедување на помош на оние на кои таа им е најпотребна. Денеска Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров од Прилеп во соработка со ученичкиот парламент од ООУ Добре Јованоски организираа хуманитарен турнир во баскет и одбојка, а средствата кои се собира во кутии за донација ќе бидат наменети за лекување 2 годишниот Марко од Прилеп кој боледува од Angelman Syndrom кој е еден од најретките во светот. Марко има големи потешкотии во неговиот развој. На турнирот учествуваа над 200 деца од сите средни училишта во Прилеп, кои се надеваат дека ќе бидат пример и за учениците од другите градови.

„Ние како млади треба да ја градиме нашата иднина така што љубезноста треба да претставува нашиот говор кој го зборуваме, а додека разбирањето врската која што ќе не поврзува сите заедно. Сметам дека со овој позитивен пример ќе помогнеме и ќе ги мотивираме и останатите училчишта во другите градови да организираат вакви настани затоа што токму младите сме ние кои што тртеба да бидеме на првата линија кои што ќе помогааат да се спасат животите на наши млади сограѓани“, вели Едис Еминоски, претседател при Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров од Прилеп.

 

„Благодарноста ја изразуваме сите ние членовите на Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров со елан да продолжиме да чекориме и понатаму по патот кон целта, која впрочем е секогаш различна. Денес се пробудивме со синонимот на несебичноста, пожртвуваноста и хуманоста. Мајка Тереза, не сме сите створени да правиме големи работи, но затоа можеме да правиме мали работи со многу љубов“, додаде Исидора Николоска, зам. претседател при Младинската организација при СОУ Ѓорче Петров од Прилеп.

Инаку 2 годишниот Марко се уште не оди, ниту пак зборува, и не ги разбира неговите врсници и наредбите. Има и чести бубрежни инфекции, поради што му се направени 4 хирушки интервенции. Родителите надежта ја гледаат во пресадување на матични клетки во Турција, каде само првиот третман чини 19.000 евра, а потребни се најмалку 3 третмани.

„Ние како претставнички на ученичкиот парламент од ООУ Добре Јованоски сме благодарни за соработката и се надеваме дека ќе се соберат донациите за помош на малиот Марко“, изјави Михаела Богеска, претседател при ученичкиот парламент од ООУ Добре Јованоски.

 

„Донациите се собираат за 2 годишниот Марко кој боледува од ретка болест за да ја победи таа болест треба да отиде да се лекува во Турција, а лекувањето чини 19.000 евра“, рече Михаела Велеска, зам. претседател при ученичкиот парламент од ООУ Добре Јованоски.

Претходно ваква хуманитарна акција беше организирана помеѓу учениците и професороте од двете училишта.


Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи