Фуштиќ: Во хемокултурата не сме изолирале причинител за сепсата, но се укажува дека тоа е рана неонатална сепса


Ешерихија коли е изолирана од дишните патишта на бебето, но не значи дека таа е причината за сепсата. Од микробиолошките анализи кои се направени кај детето, земен е аспират од дишните патишта и земени се во 2 наврата крв за хемокултура, сме добиле само изолат од дишните патишта ешерихија коли, додека двете хемокултури, земени во различен временски период останаа стерилни, односно немавме изолација на бактерии, вели проф.д-р Стoјка Нацева-Фуштиќ, директорка на Клиника за детски болести Скопје.

„Во основа раната неонатална сепса, симптомите кога се јавуваат веќе од четвртиот ден, причина за инфекцијата е најчесто за време на раѓањето, односно или од родилните патишта кај мајката, или предвремено прснат водењак па асидентно ширење на инфекцијата. Значи ако зборуваме за причина од надворешни, од манипулацијата за детето од персоналот, во тој случај зборуваме за касна неонатална сепса, која обично се манифестира седмиот ден после раѓање. Тоа е она што е познато како правило во раната и касната неонатална сепса. Ние во овој случај не сме изолирале причинител, односно во хемокултурата не сме изолирале причинител, меѓутоа клиничката слика кај детето, раните симптоми на брзо влошување укажуваат на генерализирана инфекција. Освен тоа, прокалцитонинот кој е ран маркер на сеспа кај новородено е многу висок и сето тоа укажува на рана неонатална сепса“, вели Фуштиќ.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи